Европски ФудбалФудбал

Пјаниќ е најблиску до враќање во Италија, но лондонски гигант го сака репрезентативецот на БиХ

Миралем Пјаниќ, фудбалски репрезентативец на Босна и Херцеговина, е на излезната врата од Барселона.

Ако се верува на пишувањето на каталонски „Спорт“, играчот за врска, буквално, со спакувани куфери, чека како ќе се одвива ситуацијата. Сè може да биде готово во следните неколку дена.

Според истиот извор, за услугите на Пјаниќ се заинтересирани италијанските великани – Јувантус, Милан и Интер, но трка за потписот на репрезентативеот на БиХ се вклучува и лондонски Тотенхем.

Босанскиот играч за врска има многу понуди, а приоритет му е да се врати во Италија. Јувентус на Алегри е во процес на согласност за враќање на двегодишна позајмица, но од него беше побарано да ја прилагоди својата плата односно да ја намали.

Исто така, Интер и Милан се распрашуваа, но се чини дека Пјаниќ би го избрал Јувентус во случај да се врати во Серија А. Тотенхем исто така во последните неколку часа бараше можност да ја обезбеди позајмицата на Пјаниќ. Англичаните сакаат да ја завршат работата преку нивниот спортски директор Фабио Паратичи, кој работеше со Пјаниќ во Јувентус, пишува „Спорт“.

Пјаниќ пристигна во Барса од Јувентус минатото лето, а зад себе има очајна сезона во која не постигна никаков ефект – без погодок и асистенција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!