ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Питу Гули подобар на контролката од Братство 07

Екипата на Питу Гули од Крушево денес го одигра првиот контролен натпревар на кој запиша победа од 1:2 над Братство 07.
Денешната контролка беше прва исто така и за Братство 07.
Екипата од Крушево во пролетната полусезона влегува со цел за повисок пласман во Третата лига – Југ, додека Братство 07 ќе атакува за искачување на врвот од табелата.