Питу Гули го шокираше Напредок Крушеани со убедлива победа

Екипата на Напредок Крушеани на домашен терен доживеа катастрофа и не ја оправда фаворитската улога, откако Питу Гули со убедлива игра и убедливи 2:4 беше подобар противник и стигна до петтата сезонска радост.
Првиот дел од натпреварот помина со неизвесност и борба од страна на двете екипи. Гостинската екипа од Крушево со гол на Бубаќоски Јованчо стигна прва до водство во 36. минута. Само три минути подоцна Никовиќ Мартин ја стресе мрежата за 1:1, резултат со кој се замина и на полувреме.
Во вториот дел гостите одиграа квалитетно и покажаа подобра игра. Во 70. минута Бубаќоски со втор гол донесе ново водство за Питу Гули од 1:2, а две минути подоцна Пажиќ Јани зголеми на 1:3. Победата беше на дофат, но гостите продолжија со доминацијата, па во 82. минута Стрезовски Ѓорѓи постигна гол за убедливо водство од 1:4. Пред самиот крај од натпреварот судијата покажа на белата точка за домашната екипа, а одговорноста ја презеде Јанкоски Ицко кој успешно реализираше и намали на конечните 2:4.
>> ТАБЕЛАТА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Питу Гули се одлепи од опасната зона и фаќа приклучок кон средината од табелата, додека Напредок Круешани останува и понатаму во трка за првото место.
Еден Коментар