ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Питу Гули го предизвикува непоразениот Вардар Неготино, Превалец на рехабилитација, Росоман и Бучин сакаат три бода!

Денес се играат натпреварите од вонредното 22. коло од Третата фудбалска лига – Југ.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Дерби дуел ќе биде одигран во Крушево каде ќе се соочат расположениот Питу Гули и непоразениот лидер Вардар Неготино. Домашниот тим е силно мотивиран да го запре разиграниот Вардар и да му го нанесе првиот пораз. „Вардарци“ во Крушево доаѓаат расположени за нови три бодови после големиот триумф над Превалец.

Триумф за лидерот од Неготино ќе значи и чекор поблиску до освојување на шампионската титула и математички на неколку кола до крајот. Во таков случај последните неколку натпревари за Вардар би биле подготовка за баражот со оглед на фактот што веќе се познати шампионите од останатите три региони на Трета лига, односно патниците во баражот.

Превалец на домашен терен ќе се рехабилитира против Бучин после големиот пораз во Неготино од Вардар. Екипата на Превалец го загуби чекорот со Вардар и сега има негатива од осум бодови во однос на врвот, што им ја прави битката за баражот речиси невозможна на пет кола до крајот.

Росоман на домашен терен ќе го пречека составот на Слога 1976 од Лажани. Двете екипи сакаат продолжување на победничката низа и три бодови за што подобар пласман на табелата.

Марена против Динамо ќе бара враќање на победничкио пат, откако во претходното коло беше поразена од Слога 1976. Во израмнет меч каде трите бодови ќе бидат императив и за едни и за другите, блага предност за Марена ќе биде домашниот терен.

Најавата ја овозможи Revolution Development

Обршани и Возарци ДМД ќе играат дерби од долниот дел на табелата. За домашниот тим трите бодови се повеќе од потребни со цел да не ги закомплицираат работите. За гостите кој по првпат играат во Трета лига – Југ, трите бодови се повеќе од потребни, бидејќи во таков случај ќе ја преполоваат бодовната разлика во однос на Обршани и ќе имаат само три бода негатива во битката за опстанок.

Младост 1930 на домашниот терен во Кривогашнита ќе го пречека составот на Големо Коњари. Трите бодови се императив и за двете екипи за што подобар пласман на табелата на пет кола до крајот.

Сите натпревари се играат денес со почеток од 17:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!