Питу Гули го доби Динамо, по три бода за сите домаќини во Трета лига – Југ

Само Питу Гули ја одбрани честа на гостите, откако како гостин на домашен терен со убедливи 0:3 го доби Динамо во меч од 15. коло од Трета лига – Југ. Давид Атанасоски, Ѓорѓи Стрезовски и Јованчо Бубаќоски беа стрелци за Питу Гули.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Слога 1976 на домашен терен со убедливи 4:1 го доби „фенерџијата“ Возарци ДМД кој е на пат кон експресно враќање во Општинската фудбалска лига на Кавадарци. Енис Фазлиоски, Насер Каришиќ, Адмир Угљанин и Адмир Колашинац беа стрелци за домаќинот, а за гостите стрелец беше Стефан Илов.
Бучин со 3:2 ја доби дерби пресметката со Големо Коњари. Александар Србиноски беше двоен стрелец за домаќинот, а вториот гол беше дело на Бојан Мицески. За гостите погодија Николче Касниоски и Петар Петроски.

Превалец на домашен терен со 4:2 го доби Ново Црнилиште. За домаќинот, двоен стрелец беше Пеце Стојанов, а по еден гол постигнаа Живко Ѓорѓиевски и Дарко Ранготов, додека пак за гостите двоен стрелец беше Мустафа Селманоски.
Росоман со 2:1 го доби Младост 1930 од Кривогаштани. Бојан Миланов и Стеван Менковиќ беа стрелци за ланскиот второлигаш, а пак за гостите погоди Бени Кулески.
Марена со 5:1 го распадна Обршани на домашен терен. По два погодоци постигнаа Данчо Давидовски и Мартин Јовановски, а стрелец на четвртиот гол беше Берхан Мемедов. За гостите единствен стрелец беше Никифор Ујгуноски.