ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Пилешков патува во Струга, Грујоски ќе ја дели правдата меѓу Академија Пандев и Брегалница

Познати судиите за мечевите од 16. коло на Првата македонска фудбалска лига. Димитар Пилешков ќе ја дели правдата покрај езерото меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш, додека пак Александар Грујоски ќе им суди на Академија Пандев и Брегалница во Струмица.
Делегирани судии 16. коло ПМФЛ:
Струга Трим Лум – Тиквеш, Димитар Пилешков (Штип)
Работнички – Ренова, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Академија Пандев – Брегалница, Александар Грујоски (Кичево)
Борец – Македонија ЃП, Александар Ставрев (Скопје)
Шкендија – Пелистер, Влатко Илиоски (Прилеп)
Скопје – Шкупи, Крумислав Ѓоргиев (Штип)