Европски ФудбалФудбал

Пике најави дека ќе стави крај на кариерата доколку Куман го отпише во Барселона

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике (34) најави дека ќе игра за Барселона само до крајот на кариерата и дека евентуалното заминување од „Камп Ноу“ ќе значи крај на неговата кариера.

Стоперот на Каталонците, во изјава за шпанските медиуми, рече дека никогаш нема да се пресели во друг клуб поради парите.

„Денот кога ќе престанам да играм за Барса, ќе го напуштам фудбалот. Никогаш нема да играм за друг тим. Имаме сè тука. Има луѓе кои одат во други клубови за пари, но јас не сум тој“, изјави Пике, кој истакна:

„Ако Куман ми рече утре дека треба да одам, ќе го напуштам фудбалот. Нема да играм за друг тим освен Барса“, јасно е искусниот шпански дефанзивец.

Пике минатата сезона одигра 23 натпревари и постигна два гола во дресот на „блауграната“, а неговиот договор истекува во јуни 2024 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!