ОстанатоФудбалФутсал

Петровски: Во недела одиме на победа против Велешта, имаме неколку повредени играчи

Во недела Овче Поле на домашен терен ќе соочи со екипата на Велешта во рамки на 5. коло од Втората футсал лига во пресметка од дното на табелата. Двете екипи имаат единтична форма, па домашниот терен во Свети Николе ќе биде предност за Овче Поле во борбата за втор сезонски триумф и на двете екипи и три бодови кои ќе значат многу за што подобар пласман на табелата.

Спортска Мрежа разговараше со претседателот на Овче Поле, Дејан Петровски за претходните четири натпревари, атмосферата во екипата, за дуелот против Велешта, како и за состојбата со екипата.

Петровски вели дека по два врзани порази се трудат атмосверата да биде на едно потребно нива, а со евентуален триумф во недела ќе се придонесе за враќање на позитивна атмосвера во соблекувалната на Овче Поле.

„Па добро по два врзани порази не можеш да очекуваш да атмосверата биде на највиско ниво, но се трудиме да ја задржиме на едно потребно ниво и мислам дека ќе ја вратиме и доколку во недела издвоиме победа со самото тоа ќе придонесе за враќање на позитивната атмосвера во соблекувалната“, вели Петровски и додава:

„Во однос на прашањето колку сме задоволни од досегашните натпревари, направивме една мала анализа и можам да кажам дека имаме потфрлено во неколку сегменти и тоа во делот на одбраната, а сами знаете дека колективниот спорт се захтева на добра одбрана, а кога имаш добра одбрана има и добар голман, а добар резултат со самото тоа потфрливме и резултатски ако одиме хронолошки натпревар по натпревар имамавме добар старт со победа на тостински терен против СЕЕ со 2:8, потоа на домашен терен игравме со екипата на Мал Ајакс и одигравме 2:2 каде што и во два наврати водевме со 1:0 и 2:0. Третото коло игравме на гости кај Форца каде што изгубивме убедливо 11:2 и во четвртото коло игравме во Кавадарци против Клими исто така и таму водевме на неколку наврати со 0:1, 1:2, 1:3 и да до крајот изгубиме со 4:3 што за наша несреќа не ни беше признат гол од аут прекин во последните 30 секунди за 4:4.“

За во недела Петровски вели дека размислуваат за победа и три бодови, а што се однесува до здраствениот билтен во моментот има играчи кои поради повреди и

„Да ни доаѓа екипата од Струга играме на домашен терен немаме многу информации, а оние за со кој располагаме имаат солидна екипа слична на нашата екипа, по нашите очекувања размислуваме на победа како и секогаш сакаме да победуваме, но не и секогаш се остварува тоа“, вели претседателот на футсал клубот од Овче Поле и додава:

„Што се однесува до здраствениот билтен на екипата во моментот не е со 100% кадар со кој располагаме. Имаме тројца играчи кој не се во стројот и во составот на шефот на стручниот штаб Иле Начев, кој се повредени подолг период повредите се од посериозен карактер каде еден од играчите се здоби со фрактура на десната нога на натпреварот со СЕЕ во Тетово, исто така со посериозна повреда е повратникот Ѓорѓи Султанов кој се здоби со повреда на коленото на еден од тренинзите и третиот играч не е повреден, но е во изолација бидејки неговата сопруга е позитивна на Ковид-19, тој е во добра здраствена состојба и се надеваме да излезе што побргу и да помогне на екипата“, завршува Петровски за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!