Турнири

„Петровден“: Враништа БЗ и Пекара Лихинда убедливи во четвртфиналето

Синоќа се одиграа натпреварите од четвртфиналето од турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Убедливи победи однесоа Враништа БЗ и Пекара Лихнида, откако со идентични 3:1 беа подобри од своите противници. Камионски делови Бос беа подобри од Буба Мара со 1:2, а пак АСПК Пак и Ланч Бар Пиколо приредија вистинска возбуда за навивачите, откако по регуларните 1:1 на пенали АСП Пак беше подобар со 4:3.

  • Резултати од 1/4финалните натпревари – Сабота (09. јули):

20:00 Буба Мара – Камионски Делови Бос 1-2
21:00 Враништа БЗ – Сатеска 3-1
22:00 Пекара Лихнида – СРЦ Бела Каса 3-1
23:00 АСП Пак – Ланч Бар Пиколо 1-1 4-3 пенали

Во полуфиналето ќе се соочат Пекара Лихнида со Камионски делови Бос и АСП Пак со Враништа БЗ.

  • Распоред на полуфиналните натпревари:

21:00 АСП Пак – Враништа БЗ
22:00 Пекара Лихнида – Камионски делови Бос

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!