„Петровден“: Гостилница Кај Мече се „распука“ со СЕДУМКА, победи за Буба Мара и Книжарница Клио (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни четири натпревари од четвртиот ден од турнирот во мал фудбал „Петроведен“ во Мешеишта.

Во првиот меч кој стартуваше во 20:00 часот Ресторан Бриони беше поразен од екипата на Буба Мара со резултат од 2:3. Вториот меч кој започна еден час подоцна заврши без победник со по два гола во мрежа, откако Бистро Корнер и Кафе Бар 9 ремизираа играјќи 2:2.
Во третиот натпревар публиката уживаше во голеадата приредена од екипата на Гостилница Кај Мече, откако со убедливи 7:0 ја „распука“ Арена Мислешево. Навивачите на Гостилница Кај Мече приредија одлична навивачка атмосфера.

Во последниот меч од 23 часот екипата на Книжарница Клио со тесни 3:2 го доби мечот против Лама.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Утре следуваат нови четири натпревари од петтиот ден од турнирот во мал фудбал „Петроведен“, кој се игра во Мешеишта.
Вечерта ќе биде отворена со натпреварот помеѓу Магна Мирорс и Модул 3003 од 20:00 часот, еден час подоцна АСП ПАК ќе ги одмери силите со Камен Инжинеринг.

Во 22:00 часот следува дерби меч меѓу Дарe Пром и Дебрца Експрес, додека пак вечерва ќе биде затворена со дуелот меѓу Боем Исток Велмеј и Моби Роби во 23:00 часот.
- Погледнете ја атмосферата на турнирот во мал фудбал „Петроведен“ во Мешеишта:
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!