„Петровден“: Дебрца Експрес пак ја искина мрежата, Сатеска убедлива, АСП Пак со тесен триумф

Вечерва беа одиграни нови три натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден“, кој се игра во Мешеишта. И вечерва публиката можеше да ужива во фудбалската магија на играчите и многуте погодоци.

Во првиот меч кој започна во 20:30 часот екипата на Дебрца Експрес повторно ја искина мрежата, откако со „петарда“ го „распадна“ Боем Исток Велмеј (1:5).

Еден час подоцна Сатеска приреди нова голеада за гледачите, откако со високи 0:4 славеше над Скај Дрини. СРЦ Бела Каса претрпе пораз, откако со 1:2 екипата на АСП Пак беше подобар противник. Овој меч приреди вистинска возбуда за гледачите. АСП имаше водство од еден гол, по што СРЦ израмни на 1:1, а потоа го сврте резултатот на 1:2.

Утре со почеток од 20:30 часот ќе се соочат екипите на Бате Жиле и Лама, еден час подоцна се игра дерби меѓу Книжарница Клио и Пекара Лихнида, додека пак во последниот меч од 22:30 ќе играат Мешеишта и Кафе Бар 9.
- Фотогалерија од вечерашната атмосфера на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта:
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!