Турнири

„Петровден“: АСП Пак триумфираше со ДЕВЕТ гола, Дебрца Експрес ја искина мрежата на Даре Пром

Голеада во петтата вечер од турнирот во мал фудбал „Петровден“ кој се игра во Мешеишта.

Вечерва беше отворена со ремито помеѓу Магна Мирорс и Модул 3003, овие две екипи одиграа 2:2. Во вториот меч кој започна во 21 часот екипата на АСП Пак однесе убедлива победа, откако триумфираше со убедливи 9:2 над Камен Инжинеринг.

Еден час подоцна Даре Пром остана без „муниција“ и доживеа потоп, откако Дебрца Експрес без милост со 0:8 запиша убедлив триумф. Практично екипата на Дебрца Експрес вечерва беше со чиста мрежа, односно без примен погодок.

Голеадата продолжи и во четвртиот, последен меч за вечерва, Боем Исток Велмеј и Моби Роби го поделија „пленот“ играјќи 3:3.

Утре ќе бидат одиграни три натпревари во рамки на шестата вечер од турнирот во Мешеишта. Вечерта ја отвараат Скај Дрини и Ајсел од 20:30, еден час подоцна Камионски Делови Бос ќе брка прв триумф против Сатеска, а пак од 22:30 часот ќе следува жесток дуел помеѓу Буба Мара и Др. Баткоски.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!