„Петровден“: АСП Пак со „петарда“, Пекара Лихнида убедлива, Книжарница Клио се намачи со Бате Жиле

Вечерва беа одиграни нови три натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Во првиот меч кој започна во 20:30 часот Книжарница Клио се намачи со Бате Жиле, во израмнет меч Клио запиша триумф со резултат од 3:2.

Еден час подоцна, АСП Пак пукна „петарда“ со 5:1 го „разнесе“ тимот на Млади Бунтовници, кој беше далеку под нивото во однос на противникот. Вечерва Пекара Лихнида однесе најубедлива победа, откако со 3:8 ја декласираше екипата на Лама.

И вечерва трибините беа полни со навивачи на екипите, со љубилите на малиот фудбал, кои уживаа во фудбалската магија и добрата забава.
Утре во 20:30 Ланч Бар Пиколо ќе игра против Бакугани, еден час подоцна Даре Проме ќе го поправа впечатокот против Моби Роби, а пак СРЦ Бела Каса ќе се соочи со Камен Инжинеринг.
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!