Турнири

„Петровден“: Ајсел и Камионски делови Бос до триумф пред полните трибини, реми меѓу Буба Мара и Др. Баткоски

Вечерва беа полни трибините на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. Во првиот меч екипата на Ајсел забележа убедлива победа од 2:5 над Скај Дрини.

Во вториот меч публиката уживаше во големата неизвесност, каде Камионски делови Бос со 2:1 триумфираше над Сатеска.

Во последниот меч од 22:30 часот екипите на Буба Мара и Др. Баткоски го поделија „пленот“ со по два гола во мрежата (2:2).

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Вечерва публиката приреди вистинска атмосфера за време на сите три натпревари.

Утре со почеток од 20:30 часот Партизани ќе се соочи со Модул 3003, Магна Мирорс ќе игра против Св. Тројца, а пак во последниот меч од 22:30 ќе се судрат Враништа БЗ и Арена Мислешево.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!