Турнири

„Петровден 2022“: Сатеска со триумф над Ајсел, високи победи за Св. Тројца и СРЦ Бела Каса

Вечерва беа одиграни натпреварите од третата вечер од турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Во првиот меч од 20:30 часот екипата на Ајсел беше поразена со сигурни 0:2 од екипата на Сатеска. Во вториот меч Св. Тројца испука „петарда“ против Партизани (5:2).

Во третиот меч кој стартуваше во 22:30 часот, СРЦ Бела Каса однесе убедлива победа од 4:1 против екипата на Млади Бунтовници, која немаше сили да го запре налетот на противникот.

Утре ќе бидат одиграни четири натпревари, еден повеќе во однос на претходните денови, па со тоа натпреварите ќе стартуваат 30 минути порано.

Во 20:00 часот екипата на Ресторан Бриони ќе се соочи со Буба Мара, Бистро Корнер ќе игра против Кафе Бар 9, Гостилница Кај Мече ќе ги одмери силите со Арена Мислешево, а пак во последниот меч од 23:00 часот екипата на Книжарница Клио ќе се судри со Лама.

  • Фотогалерија од натпреварите од третата вечер на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта:

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!