Турнири

„Петровден 2022“: Ланскиот освојувач – Пекара Лихнида тргна победнички, победи за Бакугани и Даре Пром

Вечерва стартуваше турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта со првите три натпревари.

Ланскиот освојувач на турнирот Пекара Лихнида тргна победнички на овогодишното издание на „Петровден“, како на стартот со 2:1 го доби дуелот со Бате Жиле.

Еден час подоцна се соочија Бакугани и Диско Инсклузив, а победата од 3:2 однесе екипата на Бакугани. Во последниот меч кој започна во 22:30 Даре Пром без проблеми со сигурни 0:2 славеше прва победа над Боеми Исток Велмеј.

Втората вечер од турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта ќе биде отворена со мечот помеѓу Дебрца Експрес и Моби Роби со почеток од 20:30 часот. Еден час подоцна ќе се соочат Кафе Бар 9 и Ланч Бар Пиколо, а пак во последниот меч од 22:30 Скај Дрини ќе се судри со Камионски Делови Бос.

  • Фотогалерија од натпреварите од првата вечер на турнирот во мал фудбал „Петроведен“ – Мешеишта:

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!