„Петровден 2022“: Ланскиот освојувач Пекара Лихнида и Бате Жиле го отвараат турнирот во Мешеишта на кој ќе играат 30 екипи!

Денес се одржа ждрепката со што се познати групите и распоредот на турнирот во мал фудбал „Петровден 2022“ во Мешеишта. На овогодишениот турнир ќе учествуваат 30 екипи поделени во 8 групи.
Група A
- Книжарница Клио
- Бате Жиле
- Лама
- Пекара Лихнида
Група B
- Диско Инклузив
- Кафе Бар 9
- Пиколо
- Бакугани
Група C
- Даре Пром
- Дебрца Експрес
- Боем Исток Велмеј
- Моби Роби
Група D
- Млади Бунтовници
- АСП Пак
- СРЦ Бела Каса
- Камен Инжинеринг
Група E
- Скај Дрини
- Камионски делови Бос
- Ајсел
- Сатеска
Група F
- Магна Мирорс
- Св Тројца
- Партизани
- Модул 3003
Група G
- Ресторан Бриони
- Буба Мара
- Др. Баткоски
Група H
- Гостилница Кај Мече
- Враништа БЗ
- Арена Мислешево
30 екипи ќе се борат за прво место кое е вредно 70.000 денари, за второпласираната екипа ќе следува награда од 35.000 денари, за трето место 15.000 денари, а пак четвртопласираната екипа ќе добие 5.000 денари. Пехари и медали за првите три позиции. Награди за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец.
Традицијата и оваа година ќе биде продолжена, па така турнирот ќе биде отворен со мечот помеѓу ланскиот освојувач Пекара Лихнида и Бате Жиле со почеток од 20:30 часот. Еден час подоцна Бакугани ќе ги одмери силите со Диско Инсклузив, а во последниот меч од 22:30 часот Боеми Исток Велмеј ќе се судри со Даре Пром.
- Распоред за првата вечер (вторник 21. јуни):
20:30 Пекара Лихнида – Бате Жиле
21:30 Бакугани – Диско Инклузив
22:30 Боеми Исток Велмеј – Даре Пром
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!