Турнири

„Петровден 2022“: Дебрца Експрес и Скај Дрини се „распукаа“, реми меѓу Кафе Бар 9 и Пиколо

Втората вечер од турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта донесе две високи победи и едно реми.

Во првиот меч кој стартуваше во 20:30 часот екипата на Дебрца Експрес со убедливи 6:1 го распадна Моби Роби, дуелот меѓу Кафе Бар 9 и Ланч Бар Пиколо заврши без победник, откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2.

Во третиот меч, кој започна во 22:30 часот екипата на Скај Дрини со „петарда“ го почасти Камионски Делови Бос (5:3).

Третата вечер од турнирот во Мешеишта ќе биде отворена со мечот помеѓу Ајсел и Сатеска, во вториот дуел се соочуваат Св. Тројца и Партизани, а пак во последниот меч силите ќе ги одмерат СРЦ Беса Каса и Млади Бунтовници.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!