Петковски ќе им суди на ССК Нова и Фортуна, Боцевски на Еуромилк ГЛ и Петровец

Познати судиите кои ќе ја делат правдата во рамки на 1. коло од новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
По пауза од една сезона, в недела ќе започне новата сезона од Трета лига – Север. Сите натпревари ќе започнат во 16 часот, освен Волково – Раштак и Маџари – Аеродром, кои ќе започнат во 10 часот.
- Делегирани судии 1. коло ТМФЛ – Север:
ССК Нова – Фортуна, Никола Петковски (Куманово)
БВК Коњаре – Беса Влазрими, Кристијан Ѓуровски (Скопје)
Еуромилк ГЛ – Петровец, Слободан Боцевски (Скопје)
Риниа – Студена Вода, Бењамин Ќерими (Скопје)
Волково – Раштак, Иван Ивановиќ (Скопје)
Башкими Љуботен – Кадино, Александар Василевски (Скопје)
Башкими – Илинден, Иле Никодиноски (Скопје)
Маџари – Аеродром, Христијан Божиновски (Скопје)