ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

„Петарда“ од Локомотива за Динамо, Превалец го прегази Питу Гули, Вардар Неготино со победа над Големо Коњари

Лидерот Локомотива Градско игра фантастична сезона, а потврда за тоа е денешната убедлива победа од 0:5 над Динамо. Резултатот беше отворен во 28. минута со гол на Мемков Сунај. Пред крајот на првиот дел гостите од Градско со гол од пенал зголемија на 0:2, а успешно реализираше Петров Јованче. На стартот од второто полувреме лидерот од Градско со гол на Атанасовски Бобан зголеми на 0:3. Во 84. минута Ќазимов Аделин постигна гол за 0:4, а во 90. минута повторно Ќазимов постигна гол за конечните 0:5.

Ново Црнилиште со 0:2 го доби дербито со Обршани на гостински терен. Резултатот беше отворен во 8. минута со гол на Селманоски Мустафа, а конечните 0:2 ги постави Ибраимоски Ерџан со гол во 95. минута.

Вардар Неготино со голема победа над засилената екипата на Големо Коњари, каде на гостински терен славеше со 1:3. Резултатот го отвори Шишков Ѓорѓи во 24. минута за водство на гостинот од Неготино. Во 40. минута Вареловски Никола постигна гол за 0:2 на полувреме. Во вториот дел домаќинот намали на 1:2 со гол на Даноски Кристијан во 72. минута. Во 86. минута младиот Мојсовски Дарко постигна гол од пенал за конечни 1:3.

Братство 07 на домашен терен со 2:0 беше подобар од Илинден БС. Домаќинот постигна гол во 5. минута, а стрелец беше Младиот Шабанов Насаф. Вториот гол беше постигнат во 86. минута, а стрелец беше Алиоски Музафер за конечни 2:0.

Марена со голема победа во Кривогаштани, откако со 1:2 славеше над Младост 1930. Резултатот беше отворен во 12. минута со гол на Мемедов Берхан. Во вториот дел домаќинот израмни на 1:1 со гол на Чичоски Стефан во 51. минута. Велјаноски Александар во 75. минута ги постави кочените 1:2 за голема победа на Марена.

Превалец со 5:0 го декласираше Питу Гули на домашен терен. Првиот гол на натпреварот падна во 39. минута, а стрелец беше Чоков Антониот во 39. минута. Во вториот дел домаќинот постигна уште четири гола. Стојанов Пеце во 67. минута постигна гол за 2:0, а две минути подоцна Маневски Кристијан стрелаше за 3:0. Во 78. минута Крстев Ристе погоди за 4:0, а Стојанов Пеце постигна втор гол за конечни 5:0.

Напредок Крушеани со голема победа во Удово над Младост од 1:4. Гостинот прв дојде до водство во 23. минута, а стрелец беше Никовиќ Мартин. Во 35. минута Никовиќ постигна втор гол за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Никовиќ со трет гол донесе големо водство од 0:3 за неговата екипа. Во 80. минута Марковиќ Христијан намали на 1:3, а во 90. минута Нешкоски Александар ги постави конечните 1:4.

Лидер на табелата е Локомотива од Градско со 34 бодови, а ист број на бодови има и второпласираната екипа на Ново Црнилиште, Напредок од Крушеани со 31 бод е трет, а бод помалку има Превалец кој е четврт на табелата.

Целата табела од Третата лига – Југ можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!