Европски ФудбалФудбал

Перишиќ повторно во Баерн ?

Иван Перишиќ по една година би можел да се врати во тимот на Баерн Минхен.

Хрватскиот репрезентативец е на излезната врата од актуелниот италијански шампион Интер од Милано, а „баварците“ се многу заинтересирани повторно да го видат Перишиќ во своите редови. Иван беше дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2019/20.

Тогаш дојде на позајмица од Интер и се претстави во одлично светло. Баерн сега би потпишал договор со него, бидејќи Бразилецот Даглас Коста, кој беше резерва на крилната позиција, ќе го напушти тимот.

Покрај Баерн од Минхен, за услугите на Перишиќ е заинтересирана и Херта од Берлин. Извесно е дека Интер сака да се ослободи од Перишиќ, чиј годишен договор изнесува над пет милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!