ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Пере: Го цениме противникот, но Струга оди на победа!

Струга Трим Лум денес гостува во Велес каде ќе се соочи со претпоследнопласираниот Борев во рамки на 28. коло од Првата фудбалска лига.
Миклован Пере вели дека го почитуваат противникот, но додава дека Струга Трим Љум оди на победа во Велес.
“Гостувањето со Борец е како сите наредни натпревари. Го цениме противникот, но ние сме Струга Трим Љум и на секој натпревар одиме на победа, без разлика која екипа ќе излезе пред нас. Се надеваме дека ќе го извлечеме најдобриот резултат од овој натпревар, мислам на победа“, рече Пере.
Натпреварот ќе започне во 16:00 часот.