Европски ФудбалФудбал

Пеп не се грижи за поразот: Бевме добри, сепак тоа е само прво коло…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим одиграл добар натпревар, иако беше поразен од Тотенхем на почетокот на Премиер лигата, и дека ќе станат подобри како што одминува сезоната.

Шампионот на Англија загуби во Лондон со резултат 1:0 во дербито на првото коло.

„Добро го започнавме натпреварот. Потоа, имавме проблеми со некои транзиции и примивме гол како резултат на загубената топка. Генерално, мојот тим покажа многу повеќе, но за жал недоволно за голови и затоа го загубивме натпреварот. Не сметајќи го примениот гол, мислам дека одигравме доста добро“, вели Пеп.

„Граѓаните“ ја започнаа сезоната со два порази. Тие претходно загубија од Лестер во Комјунити Шилд. Шпанецот, сепак, не е загрижен.

„Пред само два дена, сите заедно трениравме. Знам дека на играчите им треба малку време за да се вратат во ритам. Ова е само една недела по ред, тоа е само почеток. Имаме уште 37 натпревари во лигата. Ќе се обидеме да поправиме некои работи и да бидеме најдобри што можеме“, вели Гвардиола.

Сити во следното коло го пречекува Норич на „Етихад“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!