ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пелистер во Охрид против Ренова ќе бара прва победа во ПМФЛ

Пелистер е единствената екипа која и натаму нема победа во Првата македонска фудбалска лига. Оваа негативна серија на битолчани е меѓу најдолгите во Европа.

Пелистер денес како домаќин во Охрид ќе ја пречека Ренова, откако мечот вчера беше одложен поради обилните врнежи од снег во Битола. Табелата јасно кажува дека Пелистер е нов второлигаш, иако само теоретски се уште има надеж.

Ренова покрај езерото ќе допатува како голем фаворит и со триумф и нови три бодови „гипсарите“ ќе се доближат до „лавовите“ кои се на четвртото место на табелата, а со тоа и ќе направат притисок кон третото место на Академија Пандев за излез во Европа.

Резултати 21. коло ПМФЛ:

Македонија Ѓорче Петров – Брегалница 2:1
Шкендија – Академија Пандев 0:0
Борец – Струга Трим Лум 0:1
Скопје – Работнички 0:1
Шкупи – Тиквеш 3:2

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!