ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА
Пелистер во финишот го доби Охрид

Пелистер денес дојде до прв триумф на контролни натпревари, откако со два гола во финишот го доби Охрид.
„Рибарите“ пружеа голем отпор и одиграа одличен натпревар, но битолскиот прволигашот со двата гола на Мартин Андоновски во 88. и 90. минута дојде до победа од 0:2.
Претходно Пелистер загуби од Струга Трим Лум, а со српска Јагодина запиша реми.