ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пелистер со победа во Тетово, Шкендија со прв сезонски пораз

Пелистер дојде до минимална победа во Тетово и му го нанесе првиот пораз на есенскиот првак Шкендија, во меч од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. Иако домаќините важеа за големи фаворити и беа подобра противник со многу шанси, битолчани во судиското надоплонување преку Маневски стигнаа до победа и три важни бодови во борбата за опстанок во македонската елита.

Домаќините од самиот почеток на натпревар беа подобар противник, а гостите од Битола се бранеа и чекаа шанса за контра или брза транзиција. И во вториот дел од натпреварот Шкендија беше подобрa и го диктираше темпото на играта. Борче Маневски се покажа како вистински џокер со битолчани, кој во игра влезе во 72. минута на местото на Нето и изнуди пенал, ја презеде одговорнсота на себе и успешно погоди од белата точка.

За Пелистер оваа е четвртата сезонска победа, а привремениот тренер Капинковски дојде до втора победа во низа со што битолчани ќе презимат со 18 бодови надвор од опасната зона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!