ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пелистер со голем триумф над Ренова, Шкупи го доби дербито со Работнички

Пелистер на домашен терен запиша минимална, но голема победа над Ренова откако со 1:0 беа подобри во дербито за опстанок. Битолчани прокнижија големи три бодови во борбата за сигурен опстанок во елитата. Стрелец на победничкиот гол за Пелистер беше Оумар Гоудиаби, постигнат во 24. минута од натпреварот. Пелистерци сега се шестти на табелата со реална можност да се искачат на петтото место и да го поминат и Работнички. Ренова останува на десеттата позиција, но сега има ист број на бодови како и Вардар, па битката за опстанок ќе биде неизвесна до самиот финиш од сезоната.

Шкупи на домашен терен стигна до победа над Работнички од 2:0. Дуел на Седлоски и Влахо. Првиот гол го постигна Матеј Цветановски во 79. минута, а десет минути подоцна Бесар Исени ги постави конечните 2:0. Во однос на табелата, Шкупи е втор со 55 бодови, додека Работнички е на петтото место со 41 бод, па шансите за излез во Европа се загубиени.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!