ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пелистер со гол во 92. минута до голема победа во Струга

Екипата на Пелистер запиша минимална, но голема победа во Струга, над домаќинот Струга Трим Лум во меч од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Натпревар со цврсти дуели, неизвеност, притисок за гол. Домаќинот беше поопасен, упати неколку „закани“ кон противничкиот гол, но Талески успешно ја чуваше мрежата на битолчани. „Зелените“ со гол во 92. минута дојдоа до голема победа над домаќинот, а стрелец на единствениот победнички гол беше црногорскиот „џокерот“ Пејаковиќ Иван.

Пелистер со новите три бодови ја напушти опасната зона и сега е на осмата позиција со 25 бодови, додека Струга останува на четвртото место со 32 бодови и на иста негатива од 3 бода во однос на Македонија ЃП која загуби во Струмица со 2:1 од Академија Пандев.

Табелата од ПМФЛ погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!