Пелистер се засили со Благоја Љамчевски и Илче Петровски

Второлигашот Пелистер ги претстави првите прволигашки засилувања со кои ќе атакува на експресен кам-бек во Првата македонска фудбалска лига.
Битолчани минатата сезона завршија на дното од табелата односно на последното место и испаднаа во Втората лига, која од следната сезона ќе биде единствена. Целта на Пелистер е експресно враќање во елитата, а за таа цел денес во Битола беа претставени првите две прволигашки засилувања.
Нови имиња во екипата на Пелистер се голманот Илче Петровски и Благоја Љамчевски.
Љамчевски е повратник во екипата на Пелистер, а доаѓа од редовите на прволигашот Тиквеш, во својата кариера има настапувано 35-годишникот има настапувано за прилепска Победа, Шкупи, Вардар, Металург…
32-годишниот Петровски, кој исто така е повратник во Пелистер, доаѓа од редовите на штипска Брегалница, а во својата кариера има настапувано за Теткес, Струга Трим Љум, Гостивар, Младост Царев Двор, Дрита, додека пак на меѓународната сцена беше дел од Омониа, Јединство Бихач, Кастриоти, Поградеци.