ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пелистер од денес има нов сопственик, исплатени долговите, „Чкембари“ добиваат 10% од акциите на клубот!

Македонскиот прволигаш ФК Пелистер, од денес и официјално има нов сопственик. Поранешниот сопственик на битолската гордост Пеце Стојчевски денес го предаде клубот на компанијата „Спорт Бит“.

Пеце Коруновски е новиот претседател на битолскиот прволигаш. Инаку, фирмата „Спорт Бит“ е нов сопственик на 75% од акциите. А според изјавата на Коруновски, во блиска иднина ќе се формира нова управувачка структура на ФК Пелистер.

„Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер. Чест и задоволство ми е денеска да соопштам дека фирмата „Спорт Бит“ е новиот сопственик на 75% од акциите на фудбалскиот клуб Пелистер. Со ова се исполнува ветувањето на г-дин Христо Кондовски за финансиско стабилизирање и развој на клубот. На сите во клубот денеска веќе им се исплатени заостанатите долгови. Во блиска иднина ќе се формира нова управувачка структура на фудбалскиот клуб Пелистер, која во иднина ќе го води клубот кон поголеми дострели, како на македонската, така и на европската сцена. Наша прва цел ќе биде оваа година да го стабилизираме клубот и да обезбедиме финансиска стабилност на истиот и да обезбедиме сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. За првпат во историјата на битолскиот спорт навивачката група „Чкембари“ денес официјално ги добива ветените 10% од акциите на клубот. Со ова гласот на „Чкембарите“ ќе се слуша и во управувањето на нашиот бренд ФК Пелисер“, изјави Коруновски.

Пелистер по девет одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига се наоѓа на последното место на табелат со 4 освоени бодови, а битолчани утре ќе имаа тешко гостување кај Ренова во Тетово, во меч од 10. коло.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!