КошаркаКошарка - ПРВА ЛИГА

Пелистер незапирлив, падна и Академија ФМП за максимални 5 победи

Кошаркарите на Пелистер играат одлична сезона, а вечерва уште еднаш ја потврдија феноменалната форма. Битолчани на гостувањето кај Академија ФМП славеа со убедливи 67:95 со што Пелистер е лидер во домашниот шампионат.

На почетокот од натпреварот домаќинот имаше 12:12, а потоа следуваше доминацијата на битолчани која им ја донесе петтата победа на исто толку натпревари. Првата четвртина заврши со 19:25, додека во втората заврши со 21:24. Веќе во третата (17:22) и четвртата четвртина (10:24) во која Пелистер имаше тотална доминација над домаќинот ја потврди својата голема победа.

Кај Академија ФМП најдобар беше Стефан Крстајиќ со 15 поени, додека Никола Малешевиќ со 22 поени беше најдобар кај Пелистер.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!