Пелистер не запира – го сруши и Работнички!

Пелистер игра фантастична есен и на фантастичен начин го среди и Работнички со 81:105 и во 2021 година ќе влезе како лидер во домашното првенство.
Битолчани одиграа моќен натпревар и стартуваа силно мотивирани за победа. Првите две четврти Пелистер ги доби со 17:35 и 19:25 преку расположените Трајковски и Кесар за кои Работнички немаше решение. И во второто полувреме битолчани беа одличи. Третата четвртина му припадна на Работнички со минимални 22:20, додека четвртата заврши со 23:26 за Пелистер кој одигра моќен натпревар со целосно доминација и сосема заслужено дојде до нова шеста сезонска победа од 81:105 над Работнички.
Најефикасен кај Работнички беше Балмазовиќ со 32 поени, а кај Пелистер беше Трајковски со 26 поени.
Пелистер годината ќе ја заокружи со натпреварот во среда, каде повторно ќе гостуваат во Скопје овој пат кај екипата на ТФТ.