ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пелистер ќе пријви 12 професионални фудбалери, Општина Битола ќе помага клубот да продолжи во Прва лига

Битолски Пелистер ќе го испочитува рокот и ќе пријави 12 професионални фудбалери со што ќе може да продолжи со натпреварувањето во Првата македонска фудбалска лига.

Денес градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, оствари средба со претставници на навивачката група „Чкембари“ и со дел од раководните структури на ФК Пелистер.

„Тема на разговорите беше актуелната состојба во ФК Пелистер и проблемите со кои клубот се соочува. Градоначалничката Петровска посочи дека од страна на општината ќе бидат преземени потребните чекори со кои ќе се овозможи предвремена исплата на обезбедените финансиски средства од буџетот на општината кон клубот, во насока на негова стабилизација“, се вели во соопштението на Општина Битола.

Општината ќе овозможи предвремена исплата на обезбедените финансиски средства од буџетот на општината кон клубот со што ќе биде решен проблемот околу долгот кој го има Пелистер (се работи за околу 20 000 евра), па на тој начин ќе може да се извлече од тешката ситуација и да биде тргната забраната за трансфери од УЕФА.

Клубот до 15 јули ќе пријави дел од младинците за професионални фудбалери, а потоа, пополека ќе склопува тим со кои ќе настапи во новата сезона од Првата лига.

Минатата сезона Пелистер заврши на шестото место со 45 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!