Пелистер ја тресна Брегалница за прва радост, „пандевци“ во финишот до цел „плен“ во Кавадарци

Пелистер ја забележа првата сезонска радост после 25 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Петар Љамчевски во 23. минута погоди за водство од 1:0 на битолчани, а со овој резултат се замина и на полувреме. Во финишот на натпреварот Едгард Али Натрантг погоди за конечни 2:0 со што момците на Марјан Секуловски за првпат се израдуваа во новата сезона.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Академија Пандев во финишот дојде до цел „плен“ во Кавадарци откако со 1:2 триумфираше над Тиквеш. Кристијан Велиновски по само 40 секунди игра ја погоди противничката мрежа за водство на струмичани од 0:1. Тиквеш успеа брзо да се соземе и преку Алексаднар Вареловски да упати директен удар кон голот на Марко Јовановски, но гостинскиот голман успеа да расчисти од гол-линијата, по што следуваше бурни реакции од домашните навивачи и од верните „Лозари“, но промени немаше, па „пандевци“ имаа водство од 0:1 на полувреме.

Во вториот дел Анаел Барга Нгоба успеа да ја смести топката во противничката мрежа за 1:1. Со ваков резултат живнаа и навивачите на Градскиот стадион во Кавадарци, но надежите на момците на Влатко Костов барем за бод беа срушени во самиот финиш кога Димитар Митровски ја стресе мрежата на кавадарчани за конечните 1:2.
Македонија Ѓорче Петров дојде до минимална победа (0:1) над Борец на гостувањето во Велес. Стрелец на единствениот побединчки гол за „лавовите“ беше Давид Атанаскоски.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
Шкендија очекувано триумфираше на гостувањето во „Автокоманда“ кај Скопје со 0:2. До триумфот тетовци дојдоа со погодоците на Леао Лима Андре Луиз кој погоди во првиот дел и на Аденис Шала кој стрелаше во вториот дел.
Ренова дојде до триумф од 2:1 над Работнички на домашен терен. Ремзифаик Селмани со погодокот во 49. минута обезбеди водство од 1:0 за „гипсарите“, а девет минути подоцна Шефит Шефити од пенал ја дуплираше предност за „гипсарите“. Во судиското надополнување „романтичарите“ преку Анес Рушевиќ дојдоа до конечните 2:1.