ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Пелистер ја продолжи соработката со Маневски, Љамчевски, Трајковски и Трајчевски

Битолскиот второлигаш Пелистер ја продолжи соработката со четири играчи од актуелниот ростер. Верни на Пелистер остануваат капитенот Борче Маневски , Петар Љамчевски, Јовче Трајковски и Филип Трајчевски. Тие и понатаму остануваат лојални на матичниот клуб.
Денес, Пелистер го промовираше Филип Миленковски од Брегалница како ново прволигашко засилување за следната сезона, а претходно ги промовираше Благоја Љамчевски од Тиквеш и голманот Иљче Петровски од Брегалница.
Целта на Пелистер е експресен кам-бек во Првата македонска фудбалска лига.