КошаркаКошарка - ПРВА ЛИГА

Пелистер го „збриша“ и шампионот, МЗТ „падна“ во Битола

Пелистер го доби големото дерби од 11. коло од Првата лига против актуелниот шампион МЗТ Скопје со 88:85. Избраниците на Ѓорѓи Кочов немаа решение за одличниот Пелистер кој останува и понатаму единствена непоразена екипа во домашното првенство.

Шампионот МЗТ одлично го отвори натпревар и првата четвртија ја доби со 25:29, највисока предност за гостите беше +7. Пелистер во втората четвртија се поправи и истата ја доби со минимални 18:16.

Третата чевртија беше пресудна за победата на битолчани, која ја добија со 27:19, а во одредени моменти Пелистер имаше и +12. Се играше до последен момент. МЗТ последната четвртина ја доби со 18:22, но тоа не беше доволно, бидејќи одличната трета четвртина им донесе нова победа на битолчани кој остануваат непоразени во домашното првенство.

Пелистер е лидер на табелата со 16 бодови, три помалку има второпласираната ФМП Академија, додека екипата на МЗТ сега е шеста со 9 бодови.

Олуџоби беше најпрецизен кај МЗТ со 36 поени, додека Кесар со 27 поени го предводеше Пелистер до осми сезонски триумф.

Во следното коло Пелистер ќе гостува кај Вардар, додека МЗТ ќе игра со последнопласираниот Кожуф.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!