КошаркаКошарка - ПРВА ЛИГА

Пелистер го совлада Кожуф и останува непоразен во Првата лига

Лидерот Пелистер се намачи, но славеше против Кожуф со 83-88 (10-22, 23-21, 25-16, 14-13, 11-16) во заостанатиот натпревар од 1. коло. Победникот беше решен во продолжението, каде битолчани покажаа квалитетна игра и дојдоа до посакуваната победа и останаа единствената непоразена екипа во Првата кошаркарска лига.

Пелистер одлично го отвори натпреварот и првата четвртија ја доби со 10:22, додека во втората четвртија Кожуф покажа „заби“ и истата ја доби со 23:21. Домаќините продолжија со одличната игра и третата четвртија ја добија со 25:16, додека четвртата со 14:13 и со 72:72 се влезе во продолжение.

Во продолжението Пелистер поведе со 72:77, а одбраната на битолчани беше клучна во последните моменти од натпреварот и дојдоа до посакуваната победа и останаа единствена непоразена екипа во Првата лига.

Најефикасени во тимот на Кожуф беа Силаџи со 27 и Скот со 14 поени, додека кај Пелистер најдобри беа Кесар со 24 и Вилијамс со 16 поени.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!