ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пелистер го доби вечното дерби со Вардар кој оди кон Втора лига!

Вечното дерби во Битола заврши со голема победа за Пелистер кој со 2:0 го „среди“ Вардар и ја запиша осмата победа во Првата лига, додека Вардар го доживеа десеттиот пораз.

Битолчани на домашен терен ги грабнаа трите бодови, а херој во големата победа беше Борче Маневски, кој беше стрелец на двата погодоци за неговата екипа. Првиот гол Маневски го постигна во 17. минута од натпреварот, додека вториот беше постигнат од пенал во 87. минута.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Пелистер е на седмото место на табелата со 32 бодови и чекори кон четвртото место, додека Вардар е на десетото место на табелата со 27 бодови и во следното коло ќе има тешко гостување во Кратово каде ќе се судри со Силекс, па при евентуален нов пораз, тогаш вардарци ќе бидат блиску до второлигашката конкуренција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!