Пелистер ги започна подготовките – Секуловски: Целта е јасна, враќање во Прва лига!

Пелистер вчера ги започна подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига. На првиот собир одржан беше состанок на кој беа запознати сите со плановите и амбициите на клубот.
Целта на Пелистер ќе биде експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, а за таа цел беа ангажирани квалитетни прволигашки засилувања. Тренер на екипата останува Марјан Секуловски, кој го водеше Пелистер во пролетната полусезона од Првата лига.
„Почнавме со единствена цел да бидеме оптимално подготвени за предизвиците кои што не очекуваат во првенството. Амбициите се повеќе од јасни, а тоа е враќање во Прва лига. Во овој период ангажиравме пет искусни играчи и тоа битолчани на кои овој им е матичен клуб. Планирано е да се ангажираат уште двајца или тројца на позиции на кои сме дефицитарни. Ќе се подготвуваме во Битола а контролни натпревари ќе играме во Битола, Охрид и Струга. Верувам дека почетокот на првенството ќе го дочекаме оптимално подготвени и комлетни со играчкиот кадар“, вели Секуловски.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро