Куп на МакедонијаФудбал
Пелистер е последниот патник во Купот на Македонија

Пелистер е последниот патник во полуфиналето од Купот на Македонија, откако во заостанатиот четвртфинален натпревар битолчани беа подобри пеналџии од Вардар.
Регуларниот дел заврши со мирни мрежи и на двете страни (0:0).
За Пелистер успешно реализираа Алпај Јусуф, Јакуп Бериша и Борче Маневски, а промаши Христијан Вецески. За Вардар успешно реализираа само Филип Петковски и Никола Ристески, а без успех од белата точка беа Дарко Глишиќ, Трајче Стојковски и Дејан Блажевски.
Покрај Пелистер во полуфиналето место обезбедија кратовски Силекс, Македонија ЃП и Струга Трим Лум.