КошаркаКошарка - ПРВА ЛИГА

Пелистер без пораз против ФМП

Кошаркарките на битолски Пелистер играат фантастична сезона и на четири одиграни натпревари има четири победи, па во одлична форма денес гостуваат во Скопје против ФМП, во заостанатиот натпревар од 6. коло од домашниот шампионат.

„Играме против екипата на Пелистер која е сериозен конкурент за висок пласман во овој шампионат, воедно е и фаворит на утрешниот натпревар. Двете екипи имаат серија на добри резултати, но како и на секој натпревар нема да се предадеме предвреме и очекувам мојот тим да го даде својот максимум. Имаме свои тактички замисли, ги знаеме нивните јаки и слаби страни и се надевам дека ако го исполниме зацртаното може да стигнеме до позитивен резултат.“ – изјави тренерот на ФМП, Петровиќ.

Екипата на ФМП денес ќе биде пред нов сериозен испит, затоа што пред себе ќе го имаат расположениот и разигран Пелистер.

„Со оглед на тоа што двете екипи сме во победничка серија со сигурност не очекува возбудлив натпревар. Ова е најголемиот тест за нас оваа сезона, екипата на Пелистер која е една од екипите која атакува на висок пласман, но ние како тим во секој натпревар влегуваме максимално подготвени и мотивирани за да ја продолжиме серијата на победи.“ – изјави играчот на ФМП, Србиновски.

Натпреварот во кој битолчани ќе бидат големи фаворити се игра со почеток од 19:00 часот во салата „Независна Македонија“ и истиот ќе може да се следи со директен пренос на МРТ3.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!