КошаркаКошарка - ПРВА ЛИГА

Пелистер без милост кон Вардар, битолчани со рекорди 122 поени!

Пелистер и Вардар го одиграа заостанатиот натпревар од 2. коло од Првата лига. Битолчани стигнаа до втората победа, беа и повеќе од убедливи против скопските „црвено-црни“ 122:72, a во текот на 40. минути, во ниту еден момент не се постави прашањето околу конечниот победник. Откако се комплетираа, со враќањето на репрезентативното крило Бојан Трајковски, без никаков попуст, „пелистерци“ одиграа крајно мотивирано. И стигнаа до вториот успех во сезоната.

И пред сè, доста ефикасно почнаа битолчани во вчерашниот дуел со младиот вардаров состав. Уште во првата четвртина стигнаа до двојно повисока предност од 36:18. А она што го почнаа во првата четвртина, „зелено-белите“ го продолжија во втората. И до истекот на првото полувреме веќе беа многу далеку во однос на противникот 63:31.

Кесар реализираше 15, а Зекири и Малешевиќ уште по 11. поени во тоа убедливо водство за Пелистер. Екипата која оствари неверојатна скокачка доминација. Имаше дури 18 скока повеќе во однос на Вардар 28 спрема 10 во тие 20 минути.

И покрај убедливото водство домашните кошаркари не попуштаа во ритмот кој го наметнаа во првиот дел од натпреварот. Стигнаа и до плус 40 односно 87:47, по 27.минути од играта. Или уште повисоки 96:51 по три одиграни четвртини. Втора победа за Пелистер, и втор пораз за Вардар во исто толку одиграни мечеви во уводниот дел од шампионатот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!