РакометРакомет - Суперлига

Пеколно до последна секунда – Еурофарм Пелистер 2 зависи самиот од себе, Прилеп и Тиквеш веруваат во плеј-оф!

Денес ќе биде комплетиран регуларниот дел од македонската Суперлигата со последните три натпревари од групата Б, со што ќе се дознае последниот патник за плеј-оф завршницата која ќе се игра напролет.

Металург и Бутел се сигурни патници, а последното место ќе биде одлучено денес меѓу екипите на Еурофарм Пелистер 2, Прилеп и Тиквеш. Едниот натпревар се игра во Прилеп, додека другиот во Скопје, во ист термин, од 17:00 часот.

Еурофарм Пелистер 2 зависи сам од себе. Со реми или победа над Прилеп, битолчани ќе патуваат во плеј-офот.

За прилепчани да обезбедат плеј-оф ќе треба да го добијат пелагониското дерби со најмалку четири гола разлика, но и да се надеваат дека Тиквеш ќе загуби од Работнички.

Тиквеш ќе зависи од две работи. Најпрво ќе мораат да го победат Работнички, а потоа да очекуваат кикс на младите пелистерци во Прилеп.

Натпреварот меѓу Металург и Бутел ќе се игра со почеток од 20:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!