ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Пеколно дерби меѓу Превалец и Локомотива Градско, Вардар Неготино го игра најважниот натпревар против Братство 07

Во недела со почеток од 15:00 часот ќе бидат одиграни натпреварите од 16. коло од Третата лига – Југ.

Три големи пресметки кои можат да донесат промени на табелата. Лидерот Локомотива од Градско ќе има сериозна задача на гостувањето кај Превалец. Борбата за три бодови ќе биде голема, ќе гледаме неизвесен дуел на две квалитетни екипи кои претендираат за влез во второлигашкиот ранг. Превалец ќе го искористи домашниот терен за да го запре лидерот во победничката серија, а со тоа да ја намали бодовната разлика на еден бод. Локомотива ќе мора да победи со цел да го задржи првото место, а со тоа да продолжи успешно да чекори на патот кон Втората лига – Исток.

Второто дерби на колото ќе се одигра меѓу екипите на Братство 07 и Вардар Неготино. Домаќинот е максимално мотивиран за победа над гостинот од Неготино, кој го чека пеколно гостување и многу тешка борба за трите бодови. Двете екипи имаат за цел прво место и промоција во Втората лига – Исток, па тоа го прави дербито во недела да биде неизвесно, со голема борба за победа и цврсти дуели. Евентуална победа за Братство 07 ќе значи искачување од едно место на табелата и тоа токму пред Вардар Неготино, додека пак победата и трите бодови гостинот од Неготино ќе го остават на петтото место, но ќе го доближат до врвот, а со тоа и шансите за првото место значително ќе ги зголеми.

Големо дерби ќе се одигра и во Црнилиште, каде домаќинот Ново Црнилиште ќе игра дерби со Напредок Крушеани. Дерби за победа, за три бодови, за прво место и за Втора лига – Исток. Домаќинот е мотивиран за победа, која може да го остави сам на врвот, доколку Локомотива се киксе кај Превалец. Од друга страна, екипата на Напредок од Крушеани доаѓа по три бодови, кој ќе и донесат можност повторно да застане на вровот, во случај на кикс на Локомотива.

Дојранско Езеро на домашенн терен ќе се соочи со екипата на Питу Гули од Крушево. Домаќинот влегува како фаворит, а гостинот ќе мора да изнајде тактика за победа и три бодови, со цел да осигурна опстанок во Третата лига – Југ.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Во Кривогаштани, Младост 1930 ќе ја пречека екипата на Илиден БС, во дуел каде домаќинот ја има фаворитската улога.

Динамо на домашен терен ќе се соочи со екипата на Марена која игра одлично и се искачи на осмото место на табелата, па мотивот кај гостинот за победа ќе биде голем.

Големо Коњари ќе биде пред сериозен испит против екипата на Обршани. Победата за домаќинот е многу важна во битката за опстанок, но од друга страна Обршани е квалитетен противник и доаѓа по победа и излез од резултатската криза. Евентуална победа за Големо Коњари ќе значи можност и за скок од две места на табелата и излез од опасната зона.

Екипата на Младост од Удово е слободна во оваа коло.

Сите натпревари ќе стартуваат во 15:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!