РакометРакомет - Суперлига

Пеколни дерби натпревари за опстанок во ракометната Супер лига, најава на денешните натпревари

Денес се играат четирите натпревари од 12. коло од плеј-аутот на ракометната Супер лига. Клучни и одличувачки натпревари во борбата за опстанок во најсилното ракометно натпреварување во Македонија.

Во борбата за опстанок остануваат Тиквеш, КЛ7, Прилеп, Радовиш и Работнички.

Радовиш на домашен терен ќе игра против Јуниор КВ во меч каде домаќинот ќе важи за фаворит, а со победа и три бодови радовишани на последните два натпревари ќе влезат со голема предност во борбата за опстанок.

Во Скопје се игра големо дерби меѓу КЛ7 и лидерот Тиквеш. За младите ракометари на КЛ7 ова е клучен натпревар во борбата за опстанок, а евентуална победа за гостите од Кавадарци би значело дека Тиквеш ќе финизира како прв во плеј-аутот.

Работнички на домашен терен ќе има тежок натпревар против Младост. Гостите од Богданци ги загубија шансите за опстанок, но тоа не значи дека во Скопје ќе пристигнат со бело знаме. Младост има квалитет, па Работнички доколку сака да ги обезбеди трите бодови, а со тоа да остане во игра за опстанок, ќе мора да одигра квалитетен натпревар.

Прилеп на домашен терен игра против „фенерџијата“ Астраион од Струмица. За прилепските ракометари трите бодови се „загарантирани“ против младите струмички ракометари.

Сите натпревари ќе стартуваат во 19:00 часот и ќе може да се следат во живо на Спортска Мрежа со преноси овозможени од Ракометната федерација на Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!