ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Пеколна борба за Европа, Македонија ЃП или Струга Трим Лум ?

На четири кола до крајот Шкендија ја завери новата титула и стана нов шампион на Македонија во ПМФЛ. Екипата на Шкупи ќе финишира на второто место и веќе обезбеди „виза“ за излез во Европа, останува битката за третото место кое исто така носи во Европа. Тука борба ќе водат Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум. „Лавовите“ во моментот со 48 бодови се токму на третото место, додека стружани со бод помалку се на четвртото место.

Веќе утре е првиот тест и за двете екипи. Македонија ЃП дома игра против Пелистер, додека Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Шкупи.

Во следното коло Македонија ЃП ќе гостува токму кај Шкупи, додека пак Струга Трим Лум ќе гостува кај новиот шампион Шкендија во Тетово.

Во рамки на 32. коло Македонија ЃП ќе игра со Шкеднија на домашен терен, додека Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Вардар, па трите бодови очекувано би требало да останат во Струга.

Шкендија би играла без притисок со оглед дека веќе титулата ја обезбедија, па очекувано максимално мотивинира ќе бидат Струга Трим Лум и Македонија ЃП по трите бодови со новиот шампион.

Во последното 33. коло Струга Трим Лум ќе гостува во Кратово и ќе игра против Силекс додека Македонија ЃП ќе му гостува на Вардар и очекувано би требало трите бодови да ги обезбедат „лавовите“.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

  • 30. коло
    Струга Трим Лум – Шкупи
    Македонија ЃП – Пелистер
  • 31. коло
    Шкендија – Струга Трим Лум
    Шкупи – Македонија ЃП
  • 32. коло
    Струга Трим Лум – Вардар
    Македонија ЃП – Шкендија
  • 33. коло
    Силекс – Струга Трим Лум
    Вардар – Македонија ЃП

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!