Пеколна битка за опстанок во ракометната Супер лига, кој со кого до крајот и кои екипи имаат најголеми шанси!?

ЕХФ неделата заврши, па продолжуваат возбудувањата во битката за опстанок во Супер лигата. До крајот од плеј-аутот од машката ракометна Супер лига остануваат уште шест кола. Сигурно е дека струмички Астраион ја напушта Супер лигата и се враќа во Првата ракометна лига, а Тиквеш е со најголеми шансите покрај опстанокот, сезоната да ја заврши на врвот од табелата во плеј-аутот.
Само две екипи ќе изборат директен опстанок, додека третопласираната екипа ќе игра бараж за опстанок со второпласираната екипа од Првата лига. Седум екипи ќе водат борба за овие две места, а како што кажавме Тиквеш е со најголеми шанси за опстанок, додека пак во најтешка ситуација барем според моменталната ситуација на табелата е Јуниор КВ.
Сите екипи до крајот ги очекува пеколна борба за опстанок, на секој натпревар ќе се игра како на финале и без право на грешка.

Следните две кола ќе бидат клучни и можеби ќе стане појасно кои екипи ќе се одвојат во таа битка за опстанок. Веќе викендот освен во Струмица каде Тиквеш очекувано би требало да го собере целиот плен против Астраион, во Богданци, Скопје и Прилеп ќе гледаме неизвесни дерби пресметки.
Распоред на натпревари од плеј-аутот:
- коло
- Младост – Радовиш
- Астраион – Тиквеш
- Јуниор КВ – Голден Арт КЛ7
- Прилеп – Работнички
- коло
- Радовиш – Прилеп
- Работнички – Јуниор КВ
- Голден Арт КЛ7 – Астраион
- Тиквеш – Младост
- коло
- Тиквеш – Радовиш
- Младост – Голден Арт КЛ7
- Астраион – Работнички
- Јуниор КВ – Прилеп
- коло
- Радовиш – Јуниор КВ
- Прилеп – Астраион
- Работнички – Младост
- Голден Арт КЛ7 – Тиквеш
- коло
- Голден Арт КЛ7 – Радовиш
- Тиквеш – Работнички
- Младост – Прилеп
- Астраион – Јуниор КВ
- коло
- Радовиш – Астраион
- Јуниор КВ – Младост
- Прилеп – Тиквеш
- Работнички – Голден Арт КЛ7
Бараж натпреварот помеѓу третопласираната екипа од плеј-аутот на Супер лигата со второпласираната екипа од Првата лига ќе се одигра на 16/17 јуни.
Табела од плеј-аутот од Супер лигата:
- Тиквеш – 18 бодови
- Прилеп – 15 бодови
- Г.А. КЛ7 – 15 бодови
- Младост – 13 бодови
- Работнички – 12 бодови
- Радовиш – 12 бодови
- Јуниор КВ – 10 бодови
- Астраион – 0 бодови