ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Пехчево со триумф над Саса во „генералката“ пред стартот на пролетниот дел од сезоната

Фудбалерите на Пехчево во доминантна игра славеа триумф од 2-0 против Каменица Саса во „генералката“ пред стартот на натпреварите од Втората лига – Исток.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИОТ РЕСТОРАН / ВАШЕТО КАФУЛЕ <<<
На тест дуелот кој се одигра во Кочани, составот на Иван Варадиновски сосема заслужено триумфираше со головите на Зоран Андонов и Јонуз Рушту.
Триумфот можеше да биде и далеку поубедлив но останаа неискористени уште неколку убави можности на Рушту, Димитриевски и Ступиќ.