ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Пеев е најновото засилување за Силекс

Силекс продолжува да се екипира за следната сезона во Втората лига – Запад и работи на градење на квалитетен тим со кој би се вратил експресно во елитата.

Најново засилување кај кратовчани е 23-годишниот Лазар Пеев, задолжен за дефанзивните задачи во средниот дел од теренот, кој во Силекс доаѓа од редовите на Тетекс, а во својата кариера има настапувано и за Борец, радовишка Плачковица, Тиквеш, Кожуф, Локомотива Бентоекспорт, Маџари Солидарност, Славија Пржино, Петровец и Работнички.

Претходно клубот од Кратово се засили со Стојан Стојчевски, Дарко Алексовски и Мартин Димовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!