ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
„Паткари“ со голема поддршка за Караорман во дербито против Црно Буки

Караорман на гостински терен го среди Црно Буки во дербито на колото и останува осамен на врвот од табелата во Третата фудбалска лига – Југозапад.
Иако на гостински терен, стружани имаа силна поддршка од верните „Паткари“ кои беа „ветер во грб“ за фудбалерите на Караорман во големиот триумф над конкурентот Црно Буки.
Извештајот од дербито во Црно Буки може да го прочитате овде, а во следното коло покрај езерото Караорман ќе одигра дерби против Македонија од Враништа која го напаѓа врвот од табелата.